Триесетгодишен жител на Ниш е полесно повреден откако синоќа се фрлил од петтиот кат од зградата каде што живеел. После расправијата со својата девојка, се избодел со нож во градите 30 пати, а потоа од висина од 20 метри паднал на паркиран автомобил „даеву“.
Кога стигнале лекарите констатирале дека има скршеници само на две коски на дланката и на зглобот, но и површински рани од нож.
Лекарите ги пречекал во свесна состојба.
„Беше свесен кога дојдоа лекарите. Сакаа да повикаат пожарникари за да го извлечат, но тој само стана и излезе„, рече станарка на зградата.
Автомобилот на кој падна е целосно уништен. Во Клиничкиот центар во Ниш се чудат како успеал да преживее.
„Има ссамо скршеници на две места на десната дланка. Има и мали рани на градите и рацете“, потврдија од Клиниката.