(ВИДЕО) СДСМ: Планираме рестарт на ТЕЦ Неготино

Од:

На трибината во Неготино, посветена на мерките од Програмата на СДСМ, претседателот на Комисијата за финансии на СДСМ и дополнителен заменик министер за финансии, Кире Наумов, објасни дел од мерките во Програмата на СДСМ што имаат за цел развој на домашните капацитети во државата и нови работни места, општини на услуга на граѓаните, задржување на младите дома.

-На Македонија и е потребна транспарентна и одговорна Влада којашто ќе се справи со економскиот пустош што Груевски го остави зад себе. СДСМ ќе ја добие честа и довербата од граѓаните да ја предводи одговорната Влада којашто преку одговорни политики во економијата ќе работи на создавање реален економски амбиент којшто ќе создава реални работни места, рече Наумов.

Тој посочи дека клучниот столб на економскиот раст ќе бидат токму домашните мали и средни претпријатија.

-Со голема државна поддршка, од 20 до 50 милиони евра, со превентивна казнена политика, со изедначување на условите за работа на домашните и странските инвеститори, ќе придонесеме кон раст и развој на домашните бизниси. Малите семејни бизниси ќе бидат движечката сила во домашната економија. Исто така ќе создадеме услови и за реални странски инвестиции, рече Наумов.

12439472_609728525841427_3281942644052180893_n

Претседателот на Комисијата за енергетика на СДСМ, Андреевски во Неготино го промовираше еден од важните проекти што се предвидуваат во енергетиката, рестарт на ТЕЦ Неготино.

-Планираме рестарт на ТЕЦ Неготино што ќе придонесе кон реални вработувања и поевтина струја. Топлинската енергија којашто покрај електричната енергија ќе се произведува од повторното пуштање во погон на ТЕЦ Неготино, ќе ја искористиме продуктивно и ефикасно, за индустриски капацитети со поддршка од државата, како што се оранжерии, односно раноградинарско производство, конзервна индустрија, сушара за земјоделски производи и разладни комори, со единствена цел овој земјоделски крај повторно да заживее. Исто така производството на електрична енергија во ТЕЦ Неготино ќе го намали увозот на струја, што ќе придонесе до пониска цена на струјата за граѓаните и фирмите, рече Андреевски.

Членката на Извршниот одбор, Лукаревска, зборуваше за младинските политики и начините на коишто СДСМ ќе ги задржи младите дома. Претседателот на Комисијата за локална самоуправа, Павлески најави 80 милиони евра за регионален развој на општините, а власта на Груевски со години потценувачки одделува само 2 милиони евра за таа цел.

“Оваа расипничка власт да замине. Да ни се вратат децата дома. Ја даваме нашата поддршка на промените што доаѓаат“ е пораката на неготинчани, на синоќешната трибина со претставниците на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата