(ВИДЕО) Сугарески: Кршење на Деловникот е без утврден дневен ред да се одложува седница

Од:

Претседателот на комисијата за политички систем, Влатко Ѓорчев го крши Деловникот за работа на Собранието со тоа што без да го утврди дневниот ред ја одложува седницата со образложение дека нема услови за одржување, смета координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески.

– На комисијата за политички систем дневниот ред не е утврден, а тоа е извештај за работата на СЈО кој што го има на дневен ред на седницата на Собрание. Значи како точка тоа го има и сега се чека да заврши комисијата за да може точката на дневен ред да се разгледува на Собрание. Не знам зошто не го утврдува дневниот ред, па после ако мисли дека нема услови нека го констатира така, но таму не е утврден дневниот ред и затоа не гледаме причина да учествуваме таму во тој циркуз и театар кој што тие го прават, смета Сугарески.

Тој вели дека од 2005 година во Собранието не е разгледуван извештај на Државното јавно обвинителство, а сега пратениците на власта се бунат зошто Специјалната јавна обвинителка не се појавува во Собранието.

На прашање што ќе се случува во Собранието, бидејќи Советот на Јавни обвинители кажа дека извештајот на Јанева не е добар, тој кажа дека не сака да ја коментира работата на Советот.

– СДСМ ќе учествува во работата на Комисијата за разгледување на извештајот истиот момент кога господинот Ѓорчев ќе го утврди дневниот ред. Одма сме спремни бидејќи имаме сериозни работи кои треба да бидат изнесени таму.

Според него, нејасно е зошто ДУИ се повлекува од предлог законот за измена на законот за кривична постапка, кога тие се едни од предлагачите. Тој вели дека тоа е барање за спас на власта, а како што и претходно има кажано, тие се против предлог законот.

Суграски додаде дека СДСМ ќе излезе на избори едниствено кога ќе бидат исполнети условите истите да бидат фер и деморкатски.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски

СДСМ ги објави кандидатите за градоначалници за Шуто Оризари, Илинден, Кочани и Долнени

Скопјани се трујат од отровен чад и канцерогени честички поради горење на депониите Дрисла и Вардариште, велат од СДСМ

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски