Архивата за примање документи за легализација во општина Центар ќе работи до 20:00 часот

Од:

„Заинтересираните граѓани за легализација на бесправно изградени објекти ќе можат до 20:00 часот, во архивата на општина Центар да ги поднесат неопходните документи.

Поради интересот на жителите, општина Центар денеска, последниот ден од рокот за поднесување на документите, го продолжува работното време од 16:00 до 20:00 часот.

Доколку граѓаните не можат да ги поднесат барањата во архивата на општина Центар, тогаш тоа можат да го сторат преку пошта, со денешен датум и печат.

Барањето за легализација може да го најдат на веб страната, во графата „Сервис за граѓани“, соопштуваат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски