Најдобриот светскиот тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во полуфиналето на претсижниот турнир во Мајами, откако ноќеска го победи Томаш Бердих со 2-0. Во двата сета Србинот славеше со по 6:3 и 6:3.
Противник на Ѓоковиќ во полуфиналето ќе биде Давид Гофин (Белгија). Белгискиот тенисер во четвртфиналето го совлада Жил Симон (Франција) со 2-1, по сетови 3:6, 6:2 и 6:1.
Другата полуфинална двојка ќе биде формирана по четвртфинални дуели:
Кеи Нишикори (Јапонија) – Гаел Монфис (Франција) и
Милош Раониќ (Канада) – Ник Киргиос (Австралија).