Британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд изјави денеска дека Русија претставува закана за сите затоа што не почитува меѓународни норми.
Хамон кој денеска е во посета на Грузија, одговори на прашање дали Русија и понатаму претставува закана за држави во регионот како што се Грузија и балтичките држави.
– Русија игнорира норми на меѓународното однесување и крши правила на меѓународниот систем. Тоа претставува закана за сите нас, изјави шефот на британската дипломатија.