Нова акција на холандската полиција во Ротердам заради сомненија за тероризам

Од:

Холандската полиција изминатата ноќ спроведе нова операција во Ротердам, градот во кој во неделата беа уапсени четворица осомничени лица за подготовка на атентат во Франција, јави БТА.

„Нема нови приведени лица“, информира денеска холандското обвинителство, цитирано од француските медиуми.

Во „претресот во Ротердам не откривме експлозиви, ниту оружје“, посочи обвинителството на Твитер.

Според холандските медиуми, специјални полициски единици претресувале зграда, откако претходно ги евакуирале луѓето од соседните куќи, а во близина биле распоредени деминери, подготвени за дејствување при евентуална потреба.

Во неделата во Ротердам беше уапсен Анис Б., француски државјанин за кого се тврди дека при својот престој во Сирија добил наредба од Исламска држава да изврши атентат во Франција заедно со терорист, кој минатата година бил приведен на француска територија. Во неделната операција беа уапсени и тројца Алжирци.

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина