ЕК: Бегалскиот бран од Турција кон ЕУ е драстично намален

Од:

2
Бегалскиот бран од Турција кон земјите од ЕУ е драстично намален, изјави денеска портпаролката на Европската комисија, Наташа Берто на прес-конференција во Брисел.

– Драстичното намалување на миграцискиот прилив од Турција кон Грција ни дава надеж. Минатата недела пристигнале помалку од илјада лица, а претходните недели просечно пристигнуваа по 2.000 дневно, истакна Берто.

Според неа, ЕУ и Турција моментно работат на реализирање на меѓусебниот договор, кој е постигнат на 18 март.

– Враќањето на илегалните мигранти во рамки на договорот за реадмисија меѓу Грција и Турција продолжува. Седумдесет и шест илегални мигранти беа вратени на 24 март, а 71 на 25 март, додаде портпаролката на ЕК.

Таа истакна дека земјите од ЕУ се подготвуваат од 4 април да започнат процес за прифаќање на сириски бегалци од Турција во Унијата.

Би можело да ве интересира

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Европската комисија објави нов план за зголемување на депортациите на илегални мигранти

Ана Ололовска

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Ана Ололовска

Лајен предлага формирање на европско етичко тело

Ана Ололовска

Европската комисија претстави нови предлози за дополнителни санкции против Русија

Ана Ололовска

Фон дер Лајен рече дека загинале 100.000 украински војници, ЕК ја избриша изјавата

Ана Ололовска