Извештаите од автомобилската сцена велат дека “Астон Мартин” наскоро би можел да се продаде од страна на мнозинскиот сопственик на акциите – кувајтска инвестициска компанија “Investment Dar ko”.
Споменатата компанија е сопственик на 64 отсто од “Астон Мартин”, а во последно време е многу активна во пронаоѓање на купувач. Пишувањата на светските медиуми укажуваат на тоа дека Кувајќани се подготвени да се откажат од своите акции во овој познат бренд за сума од 800 милиони долари, а меѓу потенцијалните клиенти се Индиската “Махиндра” и јапонската “Тојота”.
Гласините велат дека “Тојота” уште пред два месеца почнала да разработува физибилити студија за исплатливоста од превземање на мнозинскиот пакет акции во “Астон Мартин” но Не е познато до каде се стасало со тоа.
Пред да го купи кувајтската компанија овој производител на автомобили во 2007 година “Астон Мартин” беше во рацете на “Форд”. Интересно е дека “Астон Мартин” е еден од ретките производители на спортски автомобили кој не е во сопственост на големи автомобилски групации.
Тоа, по правило, носи голема финансиска поддршка, со неизбежен технолошки напредок, како и големи буџети за развој на нови модели. Примери за ова се секако “Ламборгини” и “Бугати” под чадорот на “Фолксваген” или “Ферари”, кој работи во рамките на групацијата “Фиат”.