Кога таткото или мајката изговараат дури и најмала лага децата се навикнуваат на лажење, дури и без да го забележат тоа, нагласи докторот Ченгиз Акаја.
Ченгиз Акаја, лекар на Медицинскиот факултет на Универзитетот Улудаг од Турција изјави дека децата ги следат движењата и однесувањата на своите родители и дека тие им се пример и на тој начин ја формираат својата личност.
– Кога таткото или мајката изговараат дури и најмала лага ние се навикнуваме на лажење, без тоа и воопшто да го забележиме, истакна Акаја и додаде дека семејството како и блиската околина влијаат врз однесувањето на поединецот.
– Усвојуваме одредени добри или лоши страни. Така и лажењето го учиме од родителите. Почнуваме да учиме уште како многу мали. Кога родителие почнуваат да лажат, ние се навикнуваме на лажење, а тоа се одразува врз нашата личност, рече тој.
Овој лекар исто така нагласува дека лажењето не е како говорот и видот, односно нешто што мозокот сам го прави, бидејќи во мозокот не постои нешто што би поттикнало на лажење и во него нема центар за лажење.
Акаја истакнува дека количината на лажење се менува во зависнот од ситуацијата во која се наоѓа личноста.
– Личноста која има емпатија кон потребите на другите луѓе, како што има кон своите, која има формирана личност или нема да лаже или тоа се лаги кои не можат во голема мерка да им наштетат на другите. Ако личноста е себична и мисли само на себе нејзините лаги се многу штетни.