ВМРО-ДПМНЕ: Ќе се ревидира работата на Спасовски

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со внимание ја следи работата на техничкиот министер Оливер Спасовски, неговите партиски соработници во неговиот, како и од него поставените началници во секторите за внатрешни работи (СВР) во внатрешноста, заедно со нивните подредени, соопшти денеска ВМРО – ДПМНЕ.

– Ревизијата на нивните партиски хајки и незаконско работење кои ги спроведува СДСМ преку МВР ќе бидат темелно евидентирани и ќе имаат соодветна разврска, со лична и конкретна одговорност на сите вклучени, стои во соопштението.

Деталната ревизија на незаконското работење на послушниците на СДСМ, се подвлекува во соопштението од ВМРО – ДПМНЕ, ќе биде спроведена во централата на МВР, во секоја полициска станица, во секој град, во секое СВР, во секое одделение на МВР, во секој сектор на МВР, во секоја дирекција и управа на МВР.

– Им укажуваме на сите нивни подредени да не постапуваат незаконски и да не ги следат партиските наредби од штабовите на СДСМ. Нека размислат за нивните лични постапки и за нивната лична вклученост во партиските хајки на СДСМ преку МВР на Оливер Спасовски, се вели во соопштението од ВМРО – ДПМНЕ.

Јасна е наредбата од СДСМ до МВР на Оливер Спасовски, стои во соопштението, за хипер-продукција на кривични пријави и прогон за членовите ВМРО-ДПМНЕ, без разлика основаноста, фактите и доказите.

– Наредбата од СДСМ до МВР на Оливер Спасовски е по секоја цена да се поднесуваат кривични пријави против државните и локалните членови ВМРО-ДПМНЕ, без оглед на тоа што се работи за монтирани случаи, соопшти денеска ВМРО – ДПМНЕ.

Набрзо, стои во денешното соопштение, МВР ќе добие нов министер со полн легитимитет. Оние кои ја злоупотребиле својата функција, се подвлекува, ќе одговараат.

– ВМРО е константа која не може да се заплаши, не може да се демонтира и не може да се искорне. ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе победи и ќе ја состави новата Влада. ВМРО-ДПМНЕ се потпира на довербата на народот. Поддршка и присуство во секое село, во секој град, во секоја улица и во секоја општина. Доаѓа времето на составување на нова Влада на ВМРО-ДПМНЕ, со министер во МВР со полн легитимитет, се вели во соопштението од ВМРО – ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он