СДСМ: Реформите за подобрување на образованието следуваат по демократските промени

Од:

„ВМРО ДПМНЕ и Спиро Ристовски немаат никаков кредибилитет да зборуваат за реформи во образованието.

По 10 години континуирано уништување на образованието со лоши политики и закони, по фрлени милиони евра за непотребни проекти, експерименти, корупцијата со печатење на учебници, предизвикан стрес кај учениците со несоодветни екстерни тестирања, ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот проблем за образованието.

Џабе ВМРО-ДПМНЕ блефира и дава некаков „виртуелен“ отчет откако го уништи образованието.

Сликите како глувци се шетаат низ студентскиот дом Стив Наумов на дело ги покажува „реформите“ што ги направија ВМРО ДПМНЕ и Спиро Ристовски.

Никој не им верува на Спиро Ристовски и ВМРО ДПМНЕ. Ниту студентите, ниту професорите што ВМРО-ДПМНЕ ги излажа дека заедно ќе направат закон за високо образование. Ниту наставниците коишто ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги држи во заложништво со екстерното тестирање и академијата за наставници, ниту средношколците, коишто ги понижи.

10 години Груевски и ВМРО ДПМНЕ бараа локација за студентски домови, додека трошеа милиони евра за споменици, врби и фонтатни.

Само ВМРО ДПМНЕ и никој друг е крив за катастрофалните состојби во образованието.

Новата влада предводена од СДСМ ќе го укине екстерното тестирање во првите 100 дена од мандатот.

Се обврзуваме за целосна реконструкција на студентските домови, кои ќе прераснат во модерни студентски кампуси.

Ќе има електронски изданија од учебниците и на тој начин ќе бидат подостапни за сите.

Едно е јасно! Промението доаѓаат. Граѓаните даваат огромна поддршка на програмата на СДСМ.

Затоа единствена реформа што ќе го подобри образованието е испраќање на ВМРО ДПМНЕ во историјата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата