(ВИДЕО) Тевдовски: По 108 илјади денари на домашни фирми за ново вработување

Од:

„На Македонија и се потребни промени. Промени коишто ќе обезбедат подобар живот за граѓаните. Промени кои ќе овозможат победување на сиромаштијата, повисоки плати и намалување на јазот помеѓу богатите и сиромашните.

Ние напорно работевме на тоа што треба да се направи да се обезбеди подобар живот.

Што треба да се направи за да имаме обнова во Македонија, обнова на разрушеното општество и како да се подигне животниот стандард на мнозинството на граѓани , а не на една мала група на многу богати, на најбогати.

Преку визијата за Македонија изминатата година сериозно ги дебатиравме нашите идеи. Оваа година уште попосветено одевме во секое место и зборувавме со работници, земјоделци , професори , бизнисмени за тоа што треба да направиме за да имаме обнова во Македонија.

Од денес од Куманово, започнуваме серија на трибини каде што ќе зборуваме за нашите идеи за обнова, за промени во Македонија, но ќе бараме и мислења, критика и размислувања од граѓаните.

Тоа што ги води промените е нашата цел за намалување на нееднаквоста и неправдата во ова општество. Како да се намали јазот помеѓу една мала група на многу богати и останатите граѓани, односно како да се зголеми животниот стандард на нашите луѓе, како да се обезбеди средна класа во Македонија“, изјави Драган Тевдовски, претседател на комисијата за економија на СДСМ Куманово.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он