Починато девојче пронајдено во семејна куќа во Вратница

Од:

Починато дванаесетгодишно девојче вчера било пронајдено во семејната куќа во тетовското село Вратница. Таткото на починатата, откако пристигнал во семејната куќа, насилно ја отворил вратата од купатилото бидејќи немало одговор и ја забележал сега починатата легната на подот без знаци на живот.

Случајот во  Полициската станица-Тетово во 22:40 часот го пријавиле од Клиничка болница-Тетово.

Како што информираат од МВР, смртта е констатирана од доктор по судска медицина, а од извршениот надворешен преглед над телото на починатата констатирана е една повреда во вид на оток во задниот дел од главата.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР-Тетово. По наредба на јавен обвинител телото на починатата ќе биде предадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип