Штајнмаер со критика за затворањето на бегалската „балканска маршрута“

Од:

Затворањето на таканаречената балканска маршрута, по која во Германија пристигаа бегалците, лошо се одрази врз Грција. Европа не треба своите проблеми да ги решава на ваков начин, изјави германскиот шеф на дипломатијата Франк-Валтер Штајнмаер во денеска објавеното интервју за изданијата на медиумската група „Функе“, информира ТАСС.

– Во Централна Европа пристигнуваат помалку бегалци затоа што се заседнати во Грција. Таму се создадени лоши хуманитарни услови, рече Штајнмаер.

„Да ги решаваме проблемите со тоа што нашите партнери ќе ги доведуваме во лоша ситуација, тоа не  е нашиот пат. Европа не може да дејствува на таков начин“, посочи германскиот министер.

Поради затворањето на балканската маршрута приближно 11.500 лица останаа блокирани во бегалски камп крај грчкото село Идомени. Во цела Грција има вкупно околу 50.000 мигранти, кои не можат да го продолжат патот кон Централна и Северна Европа, забележува ТАСС.

Во овој контекст Штајнмаер потсети на договорот со Турција, која се обврза на своја територија да ги прибере бегалците, кои се заглавени во Грција. Според него, решавањето на мигрантската криза претпоставува заштита на надворешните граници на ЕУ, исполнување на договореното со Анкара и поддршка за Грција.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он