Тешка интеграција на бегалците

Од:

Велт – Минхен

Експертите се едногласни – интеграцијата на беглаците треба да се одвива преку пазарот на трудот. Компанија од германската провинциија Саксонија-Анхалт покажува како таа цел мже да биде постигната. Но станува јасно и кои се последиците.

Не е сосема јасно дали Јусуф веднаш ја разбра добрата вест.

– Ако сакате, можам да ви понудам обука, му рече раководителот на претпријатието Свен Гемпер. Бегалецот од Сирија кимна со главата дружељубиво, но неговите темни очи гледаат полни со прашалници. Германскиот јзик се уште не му е сосема јасен.

Во текот на минатите недели Јусуф завршил курс кај производителот на фармерски машини АЦГО во гратчето Хоенмојолзен, сместeно во јужниот дел и посетувал чссови по металостругарство. Учел пилење, зачистување и заварување, посетувал курс по германски јазик и има можност да навлезе во производството.

Тоа е еден од многубројните проекти за интеграција на стотиците илјди бегалци во Германија. Но сето ова ги покажува како под лупа проблемите на вклучувањето на бегалците на пазарот на трудот и како и покрај сето тоа може да биде постигнат успех.

Првата пречка при барањето работа често е недоволното познавање на германскиот јазик. Уште поголеm проблем е што многу бегалци се многу слабо квалификувани. Податоци од бирото за труд на провинцијата покажуваат дека 70 проценти од ангажираните и регистрираните вработени од неевропските држави од каде доаѓаа бегалците, не завршиле професионално образование.

Нивото на квалификцијата значајно се разликува според земјата на потекло на кандидатите за азил. Така на пример, според актуелното истражување на бегалците на Федералната служба за миграција и бегалци, Сиријците се значително подобро образовани од Ирачаните.
Без доволно квалификација за бегалците станува уште потешко да се справат на пазарот на трудот

– И без тоа веќе се соочуваме со проблемот што значителен дел од невработените немаат професионално образование, а нискоквалификувани работни места има се помалку, посочува инспектор на пазарот на трудот и на економската куњунктура Карл Бренкс од Германскиот институт за економски истражувања Де и Ве.

Затоа, според Свен Гемпер, клучно за интеграцијата е работата затоа што од неа зависат повеќе нешта од финансиската сигурност.
– Граѓаните ќе имаат поголема подготвеност за да ги прифатат бегалците ако тие повеќе не ни тежат на џебовите, рече 53-годишниот експерт. Освен тоа, на своите работни места бегалците ќе можат да комуницираат со локалните луѓе и за правата познанства.

Бегалците сакаат да ги искористат можностите

Пред точно една година бегалската криза стигна и во гратчето Хосимјулзен каде бројот на население е 10.000 души. Во пролетта 2015, провинцијата Саксонија-Анхалт бараше локација каде да изгради бегалски центар. Фабриката на производителот на земјоделски машини АЦГО е поставена на место каде навремето имало касарни. А Свен Гампер ја дава под наем блиската зграда која и така одамна стои празна, и со добиените пари опремил работилница за обуки.

– Општеството има потреба од многу луѓе кои ќе работат по тоа прашање, инаку уште од сега сме поразени, вели тој. „АЦГО сака да даде свој придонес како што го прават тоа толку многу граѓани, кои работат како доброволци. Освен тоа, приходот може да биде од корист за економијата“, дополни тој. Но истовремено признава и дека позитивни доплнителни последици се позитивниот јавен имиџ и по добрите односи со провинциските власти.

Кога Јусуф почнал да стажира во еден сив ноемвриски ден, атмосферата се уште била воздржана. Всушност и на двете страни не биле сосема на јасно со што точно се зафатиле. Во кујната на новоотворената работилница Гемпер кажал неколку воведни зборови пред присутните кои биле внимателни, но со сигурност јазично не биле подготвени. По тоа, мажите од Сирија, Бенин, Еритреа и Гвинеа Бисао ја започнале својата обука.

Пренесување на „пруските вредности“

Некои го прифаќаат таквото стажирање како вистинска можност.
-Тука сум за да работам здраво, изјави Абдула до западноафриканската држава Гвинеа Бисао. Тој во старата татковина работел со метал, што може лесно да се познае по десетиците белези по рацете. Бидејќи е меѓу најискусните во групата, на крајот на интеграцискиот стаж Гемпер му понудил работа како помошник во производството. Тоа е успешна историја, иако школското образование на Абдула е недоволно за да биде квалификуван работник.

Други пак не се толку силно мотивирани – од деветмината учесници во програмата, само шестмина останале до крај. Но Гемпер се помирил со тоа.

– Треба да сме трпеливи за да можеме да ги пренесеме „пруските вредности“ као точност, дисциплина и надеж, вели тој.

Ако некој од стажаните отсуствува три пати без оправдување, тој ќе треба да го напушти курсот. Гемпер и неговите колеги ги земаат предвид не само практичните умешности, туку и севкупниот однос кон работата.

Никој не ги познава стажантите подбро од Холгер Балдауф, кој ги вовел бегалците во дејноста на работилницата. Во првите две недели односите биле се уште резервирани, раскажува тој.

– Одеднаш сето тоа се смени, тие ми поставуваа прашања и оставаа да им покажувам. Довербата треба да биде здобиена и верувам дека добро се справив со тоа, вели мајсторот.

Балдауф е убеден дека бегалците се мотивирани, но истовремено дополнува дека „тие не се квалификувани работници, тие се помошен персонал, тоа се забележува. Но и покрај тоа, преку програмата тие добиваат добра основа врз која можат да се надградуваат.“.

Капки преку врел камен

На последниот ден од стажот се раздаваат сведителства, се водат разговори и се прават фотографии за спомен. А што ги очекува стажаните во иднина?

– Прво сите ги сместивме, вели Балдауф.

Абдула од Гвинеа Бисао уште во март би требало да започне да работи како помошник во производството. Јусуф, по шестмесечен јазичен курс веројатно следната есен ќе запоне со обука. Останатите од групата сакаат или да останат во работилницата или пак да поминат стажови и во други бранши.

Тоа не е лош резултат иако расходите беа доста високи, признаваат учесниците во проектот.

Трошоците за следните групи стажанти ќе се поделат затоа што не секоја компанија може или сака да си дозволи нешто слично.

– Во Германија во целина, таа програма е само капка преку врел камен. Секој кој е во состојба да си го дозволи тоа всушност треба да даде свој придонес според своите можности, убеден е Свен Гемпер.

Примерите на Абдула и Јусуф покажуваат дека интеграцијата на бегалците може да се одвива преку пазарот на трудот. Но сепак има многу што да се посака. Се изнесуваат и бројни критики кон многуте бирократски пречки – не е решено дали, на пример, ќе се изведуваат неколку неплатени стажови во една банша, дури и кога тоа за бегалците е единствениот начин да ја повишат својата професионална квалификација.

Економистот Бренке исто подвлекува дека бироата за труд се уште малку знаат за вештините на бегалците.

-Тие можат да се активираат дури откако човек ќе добие статус на бегалец, а тоа е многу доцна. Долгото време кое бегалците со перспектива да останат треба да го чекаат треба подобро да биде искористено, нстојува тој. Само оној кој располага со поточна информација, може да управува со програма за квалификација.

Во следната група од Хоенмјулзен веќе започнува стажирањето кај АГЦО. Раководителот на претпријатето Гемпер го пренесува своето искуство и на други компании од регионот, и се надева дека во иднина тие ќе можат да понудат слични програми затоа што за успешна интеграција на национално ниво е неопходно да се следи успешен пример.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он