(ВИДЕО) СДСМ: Власта предизборно манипулира со рударите од Тораница и Добрево

Од:

„Откако повеќе од 1.000 рудари останаа без работа, без егзистенција и без надеж заради стечајот на рудниците за олово и цинк Добрево и Тораница, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ сега повторно се обидуваат предизборно да ги манипулираат.

На целата мака што ја имат рударите, ВМРО-ДПМНЕ предизборно ги лаже рударите дека наводно ќе им се решел проблемот“, изјави Борјанчо Мицевски, претседател на ОО СДСМ Крива Паланка.

„Основано рударите веќе не им веруваат на ВМРО-ДПМНЕ и се сомневаат дека нивниот проблем е решен, туку дека поради изборите никој не ја соопштува вистината.

Причината што многу рудари заминуваат од Македонија и парче леб бараат во Србија е недовербата во ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Според информациите од рударите, зад фирмата којашто наводно се јавува како купувач на рудниците, стои фирма од Бугарија директно поврзана со Никола Груевски.

Што се крие зад поврзаноста на Никола Груевски со Балканска банка и компанијата којашто била доминантен сопственик на оваа фирма?

Дали намерно се отстранети другите компании од јавното наддавање, со цел да биде намалена конкуренцијата и се постигне пониска цена?

Дали зделката е склучена само за да се манипулираат рударите до изборите?

ВМРО-ДПМНЕ е должна да одговори на овие прашања.

Рударите се револтирани и со право реагираат. Тие не сакаат лажни, нереални и времени решенија туку вистинско решавање на нивниот проблем.

Јавноста и рударите ги очекуваат одговорите на овие прашања“, рече Борјанчо Мицевски, претседател на ОО СДСМ Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски