Заедничка вежба на единиците за специјални задачи и брзо распоредување

Од:

Во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје денеска Единицата за специјални задачи и Единицата за брзо распоредување, кои се во состав на Бирото за јавна безбедност при МВР, ќе изведат заедничка вежба, која следи по десетдневната тренинг обука со инструктори од Специјалната оперативна команда на САД во Европа (US SOCEUR).

Целта на вежбата, соопшти МВР, е подигнување на подготвеноста на специјалните единици со фокус на планирање операции, прецизно гаѓање и акции во урбани средини.

МВР ги известува граѓаните дека поради активностите поврзани со вежбата, за сообраќај ќе бидат затворени дел од улиците кон СЦ „Борис Трајковски“.

На вежбата, како што е најавено, ќе присуствуваат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на БЈБ, Горанче Савовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он