Извештајот за активностите на СЈО на пленарна седница

Од:

Извештајот за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за период од шест месеци е на дневен ред на 99. седница на Собранието на Република Македонија.

На оваа седница, пратениците, меѓу другото, ќе расправаат и по предлогот за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба поради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија.

Во рамки на седницата ќе бидат разгледани и повеќе предлог закони за изменување и дополнување закони, меѓу кои  законите за спорт, за договорен залог, трговски друштва, за градење…., сите по скратена постапка.

Пратениците ќе расправаат и по предлогот за дополнување на Законот за помилување, по скратена постапка, поднесен од пратениците од опозицијата.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање