Австралискиот возач во Формула 1, Даниел Рикардо рече дека не постои ништо што би го натерало да го напушти Ред Бул следната година.
– Слушнав некои коментари во врска со тоа, но тоа едноставно не е точно. Имам договор и сакам да го продолжи она што го започнав во Ред Бул, изјави Рикардо.
И шефот на австрискиот тим, Кристијан Хорнер изјави дека сите во тимот сакаат Рикардо да остане.
– Ние не правиме проекти за само една година. На колку години имаме проект со него? Тоа е деловна тајна, но сигурно не е на една година. Слушнавте од него, па ако имате било какви други прашања, слободно прашајте, изјави Хорнер одговарајќи на новинарско прашање за договорот со Рикардо.