„Улица „Партизанска“, која се наоѓа зад Неуромедика, никогаш немала атмосферска канализација, а коловозот беше во исклучително лоша состојба.
Проблемите се зголемија и со изградбата на нови згради, кои не биле инфраструктурно покриени. И при најмалите дождови, водата се собираше во дупките.
Граѓаните реагираа кај градоначалникот Андреј Жерновски и општина Центар започна со изградба на атмосферската канализација и санација на коловозот во должина од 100 метри.
Ќе се надмине и грдата слика со кабли кои висат над улицата и по тротоарите. Сега тие ќе бидат вкопани под земја.
Со ова, општина Центар, ја започнува акцијата “Нова пролет – нова офанзива“, соопштуваат од Општина Центар.