Заев: Големите предизвици се надминуваат со голема духовна сила и верба во вистината

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во чест на најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, г-дин Киро Стојанов, како и до сите граѓани од католичка вероисповед и други кои го празнуваат денешниот ден,  во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во свое име.

„Ви го честитам од срце големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое име.

Пожелувам добро здравје, мир, семејна харомонија и лична и колективна благосостојба за сите.

Ова се времиња на големи предизвици, што ја искушуваат вербата во вистината и правдата и истрајната посветеност кон базичните вредности на човековата личност што водат кон спокој.

Но секој предизивик е шанса за нов почеток.

Големите празници носат и голема духовната сила, потребна на секој кој се определил за патот на доброто.

Денешниот ден, овој најголем христијански празник на победата на животот над смртта, нека ја поттикне таа духовна сила, храброст, трпелливост, мудрост во секое срце.

Тргнувајки од овие чесни определби, да ја исполниме нашата обврска како луѓе и заедно да градиме општетство на задоволни и среќни граѓани, низ меѓусебна поддршка, разбирање и почит“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски