(ВИДЕО) СДСМ: Хаосот со избирачкиот список постои и во Битола

Од:

„Согласно Извештајот усвоен од ДИК, во избирачкиот список има точно 330.588 сомнителни гласачи. Изборниот криминал на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ е целосно потврден.

330.588 сомнителни гласачи е доказ дека последните изборни циклуси во Македонија не биле регуларни и дека нема кредибилен избирачки список. Хаосот со избирачкиот список постои и во Битола“, изјави Јулијана Силјановска, пратеник, СДСМ Битола.

„Во куќата чијшто сопственик е некогашниот прв човек на полицијата во Ресен и портпарол на СВР Битола, а денес актуелен градоначалник на Општина Ресен, Ѓоко Стрезовски регистрирани се тројца гласачи коишто не живеат таму:

Мехмедали Ерхан – роден 1990 во Либиска Арапска Џамахирија, кадешто и денес живее.

Мехмедали Серхан – роден 1995 во Бенгази – Либиска Арапска Џамахирија, кадешто и денес живее.

Мехмедали Себаедин – којшто живее во Бенгази – Либиска Арапска Џамахирија.

Како овие тројца граѓани коишто живеат во Либија се наоѓаат на гласачкиот список во Битола, на улицата Солунска бр.14 а, во куќа сопственост на функционер на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на Ресен – Ѓоко Стрезовски?

Куќата на улица Солунска бр.14а во Битола е празна и во неа никој не живее со години, но, замислете, гласачи постојат.

Дали овие посочени гласачи редовни се појавуваат на гласање или пак, некој друг гласа во нивно име?

Ова е вистината утврдена по увидот во Избирачкиот список. Ова е само уште една потврда за изборните измами и нерегуларности со коишто се служат Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и на кој начин победувале.

Затоа ДИК е должна да и презентира на јавноста патоказ по којшто ќе се дојде до легитимен избирачки список. Не смее да има сомнеж во ниту еден глас. Мора да важи правилото еден човек-еден глас.

Без целосно прочистен избирачки список нема фер, демократски и регуларни избори. Граѓаните ги очекуваат промените на следните фер и демократски избори на кои што ќе победи СДСМ, ќе победат граѓаните, ќе победи Македонија“, рече Јулијана Силјановска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски