На Француските воени гробишта во Битола одбележан Денот на народната жалост

Од:

По повод годишнината од крајот на Првата светска војна, амбасадите на Република Франција и на Сојузна Република Германија, денеска на француските воени гробишта во Битола го одбележаа Денот на народната жалост.

На комеморацијата во Битола присуствуваше и министерот за одбрана во Владата на Република Македонија Фатмир Бесими кој истакна дека денешниот ден е значаен за цивилизацијата и за Европа бидејќи се одбележува помирувањето на нациите што учествуваа во Првата светска војна.

– Во таа војна имаше над 17 милиони жртви, од нив 7 милиони цивили и 10 милиони војници што го изгубија својот живот, но и 20 милиони повредени лица. Помирувањето и пријателството се искажува со конкретни примери, со гледање кон мирот, слободата и човечките вредности, и затоа не случајно концептот на Европа годинава доби Нобелова награда за мир каде што мисијата за мир на ЕУ се докажа во овие 60 години. Овој настан е значаен за Република Македонија и земјите од Регионот бидејќи сите сме на иста страна, гарантира мир слобода и стабилност на земјите од регионот. Ние се определивме за евроатлантски интеграции, за заедничка иднина и затоа треба да се следат ваквите чекори, истакна министерот Бесими на денешната комеморација во Битола.

Во своето обраќање до присутните гости, амбасадорката на Сојузна Република Германија Гудрун Штајнекер посочи дека Денот на народната жалост е да се сеќаваме на сите жртви од војните и насилното владеење, и прифаќајќи ја заедничката одговорност за иднината, да спречиме повторување на историјата.

– Во тие воени жртви покрај војниците од Германија, Франција, Унгарија, Бугарија, Италија, се вбројуваат и жителите на тогашната Македонија кои како цивилни лица или војници доброволно, но најчесто не по своја волја, морале да учествуваат во воените збиднувања на Првата и Втората светска војна и затоа денес и на нив се сеќаваме, истакна амбасадорката Штајнекер.

На комеморацијата на француските воени гробишта во Битола организирана по повод Денот на народната жалост и одбележувањето на крајот на Првата светска војна присуствуваа амбасадори и конзули на повеќе европски држави, пратеници, градоначалникот на општина Битола Владимир Талески и делегација на Сојузот на борците од овој град.

Би можело да ве интересира

Обид за убиство на „Новиот пазар“ во Битола: Со нож е ранет маж во грбот и слабината

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

Полицијата трага по 22-годишен разбојник кој ограби фризерски салон во Битола

26-годишна жена од Битола осомничена за обид за убиство на нејзините баба и дедо

Горан Наумовски

Денеска во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“

Во Битола ноќеска беа опожарени „тојота“, „фолксваген пасат“ и „дачиа логан“