Конференција „Важноста од прогласување на Шар Планина за национален парк во Македонија“ во Драгаш, Косово

Од:

Платформата Пријатели на Шара одржа конференција под наслов „Важноста од прогласување на Шар Планина за национален парк во Македонија“ при што активностите се одвиваа во општина Драгаш на Косово што се наоѓа во националниот парк Шара од таа страна од границата.

Овој национален парк постои веќе 30 години, а во 2012 тата година тој бил повторно прогласен и при тоа била проширена територијата на сегашните 53 илјади хектари каде влегуваат територии од пет косовски општини.

Конференцијата на која учествуваа преставници од повеќе релевантни институции, невладини организации и месно население има за цел размена на искуства околу ставовите на населението за постоењето на национален парк и досегашните искуства на косовската страна од границата.

Ставот на надлежните е дека со постоењето на национален парк соодветна заштита добиле природните ресурси, а се создало и основа за економски развој на регионот преку промоцијата на производите, туризмот и слично.

– Скоро 50 отсто од територијата на општина Драгаш е во состав на националниот парк. Само ако го користиме името национален парк нормално дека по тоа ќе дојдат и тие профити бидејќи тие продукти што се произведуваат и излегуваат од националниот парк сигурно ќе добијат етикета на еко производ, производ од националениот парк и така натаму. Нашата општина на територија на Косово го зазема првото место во однос на чување на шумата и тоа е затоа што граѓаните ја чуваат а не претседателот или полицијата или шумското или некој друг, изјави претседателот на општина Драгаш на Косово, Салим Јонузи.

Месното население има право да се снабди со дрва за огрев од сопствената шума во националниот парк откако комисија од управата на паркот ќе определи кои дрва се за сечење за обновување на шумата и тоа максимално до 12 кубни метри по семејство. На сличен начин во соработка на управата и месното населени се регулира и контролираното користење на останатите ресурси како напасување на стоката, собирањето на шумски плодови и растенија и слично.

– Околу нелегалните активности се работи воглавно за индивидуални дејствија но кога имаме поголема појава тогаш имаме и поголема подршка од локалните власти. Како одговорни ние им се заблагодаруваме на локалното население бидејќи тие се првите што ги пријавуваат овие лица и имаме одлична соработка со нив. Многу е важно и делот на Шара што е во Македонија да биде прогласен како национален парк бидејќи на тој начин ќе се грижиме најдобро за животните што живеат на двете страни и со тоа ќе добиеме најдобро функционирање во целиот регион, рече претставникот од националниот парк Шари Беким Бетуќи.

Според Теренското истражување на платформата пријатели на Шара спроведено во пет општини во Македонија 83 отсто од анкетираните се за прогласување на национален парк и на македонскиот дел од Шар Планина. Нивните очекувања се дека надлежните при законскиот процес за реализирање на оваа инцијатива што трае скоро дваесет години ќе имаат целосна соработка со месното население за вистински да се постигнат целите за заштита на природните ресурси и биодиверзитетот но без последици за нормален живот на жителите на регионот што би бил опфатен како национален парк.

– Во Албанија имаме неколку примери такви каде што се прогласени од денес за утре национални паркови меѓутоа апсолутно исто е останато и со искористување на природата и со нелегалните активности, буквално се е останато исто, се знае. Затоа и ме радува што можеби не е да речеме уште веднаш има прогласен национален парк бидејќи многу од населението немало поим што е тоа заштитено подрачје а камо ли национален парк и убаво е ете што толку време дваесет години се труби цело време национален парк и веќе препознаваат луѓето што се виде и од нашата анкета и доколку министерството започне процес таков обврзно сметам дека треба да го вклучи локалното население, смета Диме Мелоски од Македонско еколошко друштво што е еден од учесниците во платформата Пријатели на Шара.

Доколку дојде до реализација на проектот за прогласување на Шар планина за национален парк и на македонска страна заедно со делот од Косово би се формирало едно од најголемите заштитени подрачја на природата во југоисточна Европа.

Би можело да ве интересира

Спасен повреден мотоциклист кој паднал во провалија на Шар Планина

Пронајдена почината 72-годишна жена која планинарела на Шар Планина

Катерина Ѓуровски

Гром уби жена во Превала, на косовската страна на Шар Планина

Катерина Ѓуровски

Уште е активен пожарот на Шар Планина, гори букова шума во Чашка

Жителите да излезат и да ги бранат имотите, пожарот е проширен – повик од Националниот парк „Шар Планина“

ВИДЕО: Локализиран е пожарот на Шар Планина, гори на Баба

Катерина Ѓуровски