Претставата „Тигарот“ премиерно во Виница

Од:

Домот на културата „Тошо Арсов“ од Виница премиерно ја изведе претставата „Тигарот“ во режија на Саша Нацевски. Текстот е на американскиот автор Мари Шизгал, а во главните улоги играа Маријана Николова и Дамјан Павлов.

– Во претставата настојувавме да ги прикажеме случувањата во моментот кога сите граници на толеранцијата ќе се надминат, кога револтот кон општеството, кон себе, ќе го достигне највисокото ниво. Тогаш човекот се претвора во животно, подготвен е на се, изјави по пртетставата режисерот Нацевски.

Според директорот на Домот на културата од Виница Славко Данев, оваа претстава е трета соработка на Домот со режисерот Нацевски. Претставата е дел од програмската политика Домот на културата да соработува со професионалци со цел долгорочен и одржлив развој на театарската уметност и писменост кај младите од општина Виница.

Птретставата „Тигарот“ наредните денови ќе доживее уште неколку репризи во Виница, а според планот ќе гостува и во неколку театарски центри во Македонија.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Џенкинс: Да ги надминеме традиционалните сценски простори, да се вклучиме во заедниците

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он