СДСМ: Бандата што го погази Уставот не може да зборува за уставен поредок

Од:

„Криминалната банда што ги крадела парите и гласот на граѓаните, предводена од Никола Груевски, најмалку може да говори за почитување на Уставот и уставното право.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го погазија и Уставот и уставното право на граѓаните на слободен избор, слободен глас.

Со срамната одлука на Уставниот суд се изврши уште еден удар врз правдата и уставниот поредок.

Уставниот суд го призна изборниот грабеж и потврди дека Никола Груевски се плаши од соочување со одговорноста за криминалот и изборниот грабеж.

Секојдневниот театар на ВМРО-ДПМНЕ со тоа што не започнува дебата по Извештајот на СЈО, го потврдува хаосот во оваа партија.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ сака да го прикрие незаконското работење на Зврлевски и да не се расправа за неговото непостапување по криминалите на власта, што беше и една од причините за формирање на независната институција Специјално јавно обвинителство.

Но, ништо нема да ги спаси Груевски и ВМРО-ДПМНЕ од оговорност за криминалот што го правеле. Секој што го прекршил законот ќе одговара“, се вели во писмената реакција на СДСМ на соопштението на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски