(ВИДЕО) Жерновски: Јас не ги делам спомениците по етничка основа, бидејќи сум против сите споменици од „Скопје 2014“

Од:

Одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес конференција, градоначалникот Андреј Жерновски, најави дека утре, 25-ти март, здружена формација од три институции (Министерство за информатичко општество и администрација, Министерство за култура и Министерство за локална самоуправа), ќе дојдат во инспекциски надзор во општината, во врска со трите споменици на албанските дејци од проектот “Скопје 2014“, Јосиф Багери, Пјетер Богдани и Неџат Аголи.

На 22.7.2013, рече Жерновски, донесена е одлука со која чувањето, одржувањето, заштитата и користењето на спомениците од проектот “Скопје 2014“, преоѓа во надлежност на Град Скопје.

“Немаме намера да правиме нешто со што не се согласуваме. За се’ во врска со спомениците од проектот ‘Скопје 2014’ обратете се до Град Скопје. Парите префрлени од Министерството за култура ќе ги исплатиме, бидејќи тие се наменски, иако би сакал да ги пренамени за нешто покорисно. Значи, ова е обврска на Град Скопје. Топката ја префрлија меѓу двата изборни круга, кога ги поставија сите преостанати споменици, освен овие три, сакајќи да ги остават на новото раководство во општината и тоа да биде виновно. Јас сите споменици исто ги третирам. Не правам разлика според етничката припадност. Јас сум ‘против’ сите споменици од проектот ‘Скопје 2014’“, рече Жерновски.

Во врска со култното место за скопјани, “Езерце“, градоначалникот посочи дека повеќе од година Министерството за транспорт и врски не одговара на барањата на општина Центар, а цели три години со неизграденото градежно земјиште во општината управува и го продава Владата на Р. Македонија.

Жерновски напомена дека се’ што се прави во општина Центар во изминатиот тригодишен период е со нула денари помош од Владата.

Дозволата од Град Скопје за терасата на партијата ВМРО-ДПМНЕ е обжалена, но второстепената комисија на Владата тоа не го прифати. Жерновски потенцираше дека ова не е надлежност на Град Скопје и се работи за настрешница, а не тераса.

“Oд ова се гледа спрегата на Министеството за транспорт и врски и Градот Скопје со ВМРО-ДПМНЕ. Тие одлично функционираат на штета на јавниот интерес, затоа што таканаречената настрешница е изградена на јавен простор, а не на приватна градежна парцела“, рече Жерновски.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории