На сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ в недела на 27. март на Денот на театарот, премиерно ќе биде изведена претставата „Старицата од Калкута“ од израелскиот автор Ханок Левин, во режија на Софија Ристевска Петрушева.
На денешната прес-конференција режисерката Софија Ристевска Петрушева потенцира дека Левин е исклучително интересен и провокативен автор.
– Претставата е создадена врз основа на неколку негови раскази кои во себе ја носат болката и измореноста на современиот човек да се бори со предизвиците на ова општество во кое денес живееме-моделитерален капитализам каде капиталот и парите се пред се’ и кога човечкото е ставено на заден план, а денешниот човек е веќе изморен.Левин точно зборува за оние елементи кои го прават човекот човек,како и националната способност,личниот живот,социјалниот контакт со другите луѓе сите тие особини се изгубени и авторот се обидуваточно да се наврати на она што му треба на човекот,потенцира режисерката Ристевска Петрушева.
Таа појасни дека „Старицата од Калкута“ изобилува на ликови на „старици“ што се симбол на неупсехот, самотијата и смртта,што константно се околу нас и точно желбата и стратегијата на ликовите да ги избегнат овие околности,креираат комични и иронични ситуации,што оставаат призвук на безизлезот во којшто се наоѓаме.
Младата актерка Талија Настова истакна дека процесот за оваа претстава долго ќе го памети.
– Оваа претстава ме стави мене како млада актерка во позиција каде што морам многу да размислувам и да бидам креативна.Јас благодарение на моите колеги и режисерката Софија,јас успеав да ги скршам тие стравови и успеав да се впуштам во нешто интересно и ново за мене, потенцира Настова.
Режисерката Ристевска Петрушева нагласи дека таа првпат работи на премиера во новиот велешки театар и е презадоволен од условите за работа кои како што потенцира се идеални и според европските стандарди.
– На сцената на новиот театар во Велес има идеални услови за прекрасен дизјн на светло и звучни ефекти и затоа секоја претстава е вистински шоу, рече Ристевска Петрушева.
Инаку, сценографијата е на Филип Коруновски, костимографијата на Андреј Ѓорѓиевски, кореографија и сценски движења на Кире Миладинвски, а музиката на Сашко Костов.
Во претставата играат актерите: Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Слободанка Чичевска,Фаик Мефаиловски,Славица Манаскова,Жарко Спасовски и Талија Настова.