Грчки медиуми: Бегалците и мигрантите во Идомени почнуваат штрајк со глад

Од:

Во кампот во Идомени, во близина на грчко-македонската граница, бегалци и мигранти почнаа штрајк со глад и блокирање на патиштата. Во кампот има 12 илјади луѓе од кои речиси половината се деца, објави грчкиот весник „Прото тема“ во репортажа од пограничното место.

Весникот наведува дека по повлекувањето на многу невладини организации од Идомени, нема кој да се грижи за здравјето на бегалците и мигрантите кои престојуваат таму.

Доброволци тврдат дека хуманитарни органзиации, кои дошле на почетокот од неделава, не знааат што да прават. Колку повеќе бегалците знаат што се случило со договорот меѓу ЕУ и Турција, толку повеќе ескалираат тензиите, а реакциите укажуваат дека се можни ескалации, наведува весникот.

Тензија се чувствува и во бегалските кампови во Неа Кавала, Поликастро и на островот Лезбос.

Истовремено, Владата во Атина се стреми да испрати колку може повеќе бегалци во Идомени.

Алармантна е и ситуацијата на останатите острови, откако организацијата „Сејв д чилдрен“ се повлече од бегалските кампови каде се грижеле најмногу за децата. Голем број од невладините организации најавија бојкот на центрите за задржување, незадоволни од договорот меѓу ЕУ и Турција, кој според нив ги нарушува човековите права. Хуманитарните организации наведуваат дека соработката со грчките власти би ги направила „соучесници во пракса која е неправедна и нехумана“.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица