(ВИДЕО) Спасовски од Аеродром: Никој нека не размислува за криминални избори, ќе следи одговорност

Од:

Генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска беше меѓу граѓаните на Аеродром и со нив разговараше за секојдневните проблеми и за актуелнатa политичка ситуација.

– На следните фер и демократски избори ќе се случат промени. Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат минато. Новата, одговорна влада предводена од СДСМ бескомпромисно ќе се бори против корупцијата и криминалот. Нема да дозволиме да има селективна правда во Македонија. Ќе изградиме едно напредно, успешно општество каде што секој граѓанин ќе живее во слобода, ќе ужива правда, сите граѓани ќе бидат еднакви, рече Спасовски.

Хаосот што настана со избирачкиот список, ги интересираше аеродромци. Дел од граѓаните посочија дека пронашле неправилности во списокот.

12888599_568462256664735_2051498807481816711_o

– ДИК треба да го исчисти избирачкиот список и ниту една бројка, ниту еден глас, да не може да биде злоупотребена. Ништо нема да го спаси Груевски од одговорноста за изборниот криминал. Мора во целост да се прочисти избирачкиот список и секој граѓанин слободно да може да го даде својот глас. Никој нека не размислува за криминални избори, бидејќи тоа нема да го дозволиме. Законот е јасен и предвидува казни затвор од 3-5 години. Секој што го прекршил законот ќе одговара, рече Спасовски пред присутните.

Спасовски при посетата во Аеродром беше придружуван од членот на извршниот одбор на СДСМ, Дарко Давитковски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски