Научете ги децата да прифатат пораз

Од:

Доколку забележите дека детето плаче и се лути кога го победувате во карти или некоја друга игра не му попуштајте. Најлошото што можете да го направите е наредниот пат намерно да изгубите со цел да го смирите.

Детето така ќе се навикне на пораз и ќе научи дека не може во животот секогаш да победува. Во спротивно ако некогаш биде поразено од друго дете, тоа многу тешко ќе го поднесе. Тоа ќе се брани со солзи или со бес.

Потребно е да детето да му објасните дека е во ред да биде тажно затоа што загубило, но оти тоа ќе помине и не треба поради тоа да ги повредува другите.

Експертите велат дека е природно детето тешко да го поднесува поразот, а за да се научи на тоа потребна е работа со него. Во спротивно, тврдат експертите, тоа ќе порасне во исфрустрирана личност без пријатели, затоа што секого, кој ќе го доживее како противник ќе го елиминира од животот.

Психолозите советуваат родителите од најраните денови му помогнат на детето да научи да си игра, да се дружи и учи да ги прифаќа успесите и неуспесите.

Предлот на експертите е да се играат игри кои не се со натпреваручаки карактер, да му се покаже да биде тимски играч, а не само да мисли на себе.

Додека си дофрлате топка еден на друг објаснете му дека суштината е сите да се погрижат околу фрлањето и фаќањето за играта да биде поубава, а тоа значи дека е тимот е успешен.

На детето треба да му се објасни дека не е важно дали победува или губи, туку како игра и дека треба да се потруди да ја совлада вештината. Многу е важно да го прашате детето дали убаво си поминало надвор, а не дали ги победило другарчињата во некоја игра или спорт. И не заборавајте да го пофалите и за поразот, како и за победата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска