Македонските екипи во СЕХА лигата и лански финалисти во ова натпреварување Вардар Про и Металург денеска ќе го одиграат првиот официјален натпревар оваа сезона. Почетокот на натпреварот во СРЦ Кале во Скопје е во 17 часот и 45 минути.
Гостите од Автокоманда ќе настапат ослабени. Во составот на „металурзите“ поради повреди нема да бидат Наумче Мојсовски и Ванчо Димовски.
Другите натпревари од ова коло исто така се играат денеска. Двојките се: Загреб КО – Ловќен, Татран Прешов – Борац Бања Лука, Слога Добој – Брест Мешков и Извиѓач – Нексе.
Табела: Загреб КО 16 бодови (7 натпревари), Татран Прешов 15 (7), Вардар Про 14 (7), Нексе 13 (7), Металург 12 (6), Ловќен 10 (6), Брест мешков 6 (5), Извиѓач 6 (7), Борац БЛ 4 (7), Слога Добој 0 (7).