Министерот за одбрана Фатмир Бесими денеска ќе положи венци на Француските гробишта во Битола и на Германските гробишта во Прилеп.
Положувањето венци и комеморацијата на меморијалните гробишта во Битола и Прилеп е по повод годишнината од крајот на Првата светска војна и заедничкото одбележување на денот на спомените за сите жртви, ранети и раселени лица од сите војни и сите народи.
Во знак на помирување и пријателство помеѓу Франција и Германија, за време на комеморацијата, амбасадорката на Германија во Македонија ќе одржи говор на француски, додека в.д. амбасадорот на Франција, на германски јазик.
Утре министерот Бесими ќе положи венец и на Британските гробишта во населбата Автокоманда во Скопје.