Холандската воена полиција, која ги обезбедува границите и високоризични објекти, ќе биде опремена со потешко вооружување. Мерката е одговор на нападите во Брисел, соопштија холандските власти, пренесува БТА.
Но, властите не прецизираа каков вид оружје ќе користи воената полиција.
Холандија вчера ги засили безбедносните мерки на станиците и аеродромите по нападите во Брисел.