Лошите временски услови не дозволија втор ден натпревари од „Мавровскиот меморијал“

Од:

Лошите временски услови пред се топлиот ветар и дождот не дозволија денеска да се одржат натпреварите од вториот ден од 53. издание на „Мавровскиот меморијал“.

Утрово организаторите се соочија со проблем за одржување на трките бидејќи немало доволно снег на патеката за одржување натпревар од Балканскиот куп.

Инаку, вчера во трката на 10 километри кај мажите победи Веселин Цинзов од Бугарија, пред Романецот Раул Михаи Попа и Дамир Растиќ од Србија. Најдобро пласиран од македонските натпреварувачи беше Дарко Дамјановски на 5.место, додека Миланчо Крестевски беше 13-ти. Машката трка ја завршија 25 натпреварувачи.

Кај жените во трката на 5 километри најдобра беше Романката Жанет Дарвас, пред сонародничките Николета Соварши и Ана Кеменеш. Викторија Тодоровска од Македонија го освои 14.место, а Марија Колароска беше 17-та.

Денеска требаше да се одржат трките на 5киломтри кај жените и ан 10 километри кај мажите. За нашите натпреварувачи во крос кантри и бијатлон за оваа сезона останува уште Балканијадата во биатлон што овој викенд ќе се одржи во Бугарија.

Би можело да ве интересира

Еден од најдобрите ски скокачи ја заврши кариерата, не се опорави од тешкиот пад

Предраг Петровиќ

Хорор во Италија: Познат скијач и неговата девојка паднаа во провалија длабока 700 метри

Предраг Петровиќ

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска