Македонските тенисери продолжуваат со настапите на фјучрсот во Тунис

Од:

Македонските тенисери и оваа недела се дел од фјучрсот во Хамамет, Тунис што се игра на земјена подлога. Македонија има претставници во двете категории.

Кај мажите денеска во рамките на првото коло Томислав Јотовски ќе игра против Бенџамин Балере од Монако, додека Шендрит Деари за ривал го има осмиот носител Роман Сафиулин од Русија.

Во конкуренција на двојки вчера Јотовски и Деари ги победија Украинците Орест Мостјук и Симон Јастремски со 6:4 и 7:6 (7:4) во сетови и во четвртфиналето ќе играат против шпанските тенисери кои се трети носители Марк Хинер и Карлос Табернер.

Магдалена Стоилковска во маратонски меч вчера го загуби дуелот од првото коло во поединечна конкуренција. Подобра од неа беше Марија Палхото од Португалија со 6:3; 3:6 и 7:6 (7:3) во сетови. Стоилковска денеска во конкуренција на двојки со Пиа Чук од Словенија ќе играат против Романките Кристина Адамеску и Ирина Фетесау.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ