Папуљас: Грција и Србија, соседни држави…

Од:

Проблемот што Атина го има со нашето уставно и историско име било една од темите на средбата меѓу грчкиот претседател Каролос Папуљас и српскиот Томислав Николиќ, кој вчера ја почна тридневната посета на Грција, каде беше пречекан со високи државни почести.

„Разговаравме за кипарското прашање како и за прашањето за името на поранешната Југословенска Република Македонија, за кое ги изнесовме грчките позиции. Основните политички аспирации на Грција се стабилноста и мирот во поширокиот регион на Балканот. За остварување на таа заедничка европска цел за консолидација на стабилноста ја поддржуваме интеграцијата во Европската Унија на сите земји од Западен Балкан, секако откако ќе ги исполнат предусловите и критериумите и условите кои што се поставени”, изјавил грчкиот претседател.

„Геополитичките односи во нашиот регион сеуште се кревки. Грција и Србија, соседни држави со историски пријателски врски мораат да покажат меѓусебна солидарност во врска со критичните национални прашања“ – додал грчкиот претседател Папуљас пренесува б92.

”Србија ќе и помогне на Грција, ако Грција сака, да реши некои од своите проблеми. Ние имаме вземано пријателство и доверба и можеме да им помогнеме на народите кои се скарани да се помират” – беше пораката на српскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски