Централата на Европска комисија во Брисел денеска е евакуирана, јави БТА.
Централата на ЕК се наоѓа во близина на метро станицата Малбек, каде денеска беше извршен терористички напад, при што загинаа 20 лица. На метроп станицата во тек е полициска операција.
Европскиот парламент им нареди на вработените да останат во зградата. Во ЕП е прогласена портокалова, последен степен на тревога од терористички напад.
Белгиските власти апелираат до домашните и меѓународните медиуми да не објавуваат за полициските операции кои се во тек.
Во нападите на бриселскиот аеродром загинаа 14 лица.