Од доказите што Специјалното јавно обвинителство ги има за случајот „Титаник“, произлегува дека самиот избор на претседател, на уставните судии и на пратениците во Собранието е доведен во прашање и сите овие институции се нелегитимни, изјави специјалната обвинителка Катица Јанева, запрашана за коментар за одлуката на Уставниот суд околу Законот за помилување.
– Во случајот „Титаник“ се работи за осомничени лица за изборни манипулации на изборите во 2012, 2013 и во 2014 година. Овие лица за кои е отворена истрага, биле или сè уште се на високи функции и со доказите со кои располагаме, во 80 проценти го докажуваат обвинението со кое имаме намера да излеземе во врска со овој случај, сметаме дека самиот избор и на претседател и на уставни судии и на пратеници е доведено во прашање. Тоа е мојот одговор за Уставниот суд, сите овие се нелигитимни институции и треба да соработуваат, рече Јанева.
Мојот колега Зврлевски испушти да каже дека предметот Маѓар Телеком е во Советот на Јавни Обвинители, од не знам која причина, еве и јас да поставам прашање зошто го доставил таму, ние го баравме овој предмет како уште неколку други, но немаме соработка со ЈО за овој предмет, истото е со судовите и затоа ќе очекуваме одговор од Советот на јавни обвинители, рече Јанева.
За предметот Пуч откако воспоставивме надлежност, одиме на расправи и го молиме судот да ни ги даде доказите. Еден обвинител за да настапи мора да има докази. Доказите незаконски ги држи судот. Поднесовме жалба до Апелациониот суд, очекуваме одговор во наша полза.
Ние сите од СЈО, имаме сертификати со државна тајна, можеме да вршиме увид на сите документи, и не може судот да се крие со објаснување за класифицирани информации. Побарав судот да ми се легитимира, никој од судиите и поротниците немаше таков сертификат, освен СЈО, а ние доказиите ги немаме, рече Јанева.