Од почетокот на годината преку Средоземното Море во Европа пристигнале 160.547 мигранти и бегалци, а 488 загинале или изчезнале, обидувајќи се да стигнат до европските земји, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција.
На денешниот брифинг во Женева Џоел Милман, изјави дека од почетокот на 2015 година во Грција пристигнале по море над еден милион мигранти и бегалци.
Милман истакна дека од почетокот на оваа година на грчките острови пристигнале 147.437 мигранти, а во Италија од 1 јануари до 20 март, 13.110.