Претседателто на Европскиот совет, Доналд Туск денеска прв од високите претставници на Еворпската унија изрази жалење и сочувство до семејствата на жртвите на терористичките напади што утринава се случија во Брисел, при кои загинаа 23 лица, а 50 се раенти.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Туск во име на ЕУ вети дека Унијата ќе и помогне на својата земја домаќин во справувањето со терористичката закана.
– Јас сум вџашен од бомбашките напади што утринава се случија на аеродромот „Завентем“ и во европската област во Брисел, што однесоа неколку невини животи, а беа ранети многу други. Упатувам искрени симпатии кон роднините и пријателите на жртвите. Овие напади одбележаа уште една нискост од страна на терористите во служба на омразата и насилството. Европските институции се сместени во Брисел благодарение на великодушноста на Владата на Белгија и нејзиниот народ. Европската унија ја враќа оваа солидарност сега и ќе ја исполни својата улога да им помогне на Брисел, Белгија и на Европа во целина против заканата од тероризам со која сите се соочуваме, истакна Туск во соопштението испратено до медиумите.
Утрово на националниот бриселски аеродром „Завентем“ одекнаа две експлозии при терористички напад на бомбаш-самоубиец, во кој според официјалните информации, животите ги загубија 13 лица , а 35 други се ранети.
Овој напад се случи во 8:00 часот, а еден час подоцна, бомба експлодира во воз на метро станицата Малбек во Брисел, во чија близина се наоѓаат европските институции и македонската Амбасада и Мисијата на Макеоднија при ЕУ, при што загинаа десет лица.