Ѓоковиќ: Тенисерите треба да бидат повеќе платени од тенисерките

Од:

Најдобро рангираниот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ (28) изјави дека машките играчи би требало да бидат повеќе платени од жените затоа што привлекуваат повеќе гледачи на тениските натпревари.

По победата на турнирот во Индијан Велс, Ѓоковиќ се заложи за тоа „машкиот тенис задолжително да се избори за повеќе (пари)“ .

Тој вели дека жените-тенисерки „се борат за она што го заслужуваат и тие го постигнуваат тоа„ но смета дека парите од наградите на турнирите „мора да се распределуваат на фер начин“ според тоа кој привлекува поголемо внимание меѓу гледачите и кој продава повеќе влезници.

Еднакви парични награди има на сите четири гранд слем турнири, во Мелбурн, Париз, на турнирот во Вимблдон (Лондон) и Њујорк, како и на мастер турнирите во Индијан Велс и во Мајами.

Тенисерките добиваат значително помали парични награди на женските тениски турнири од тенисерите на нивните натпреварувања.

Американките медиуми открија дека во текот на 2015 година, машките турнири ги гледале 973 милиони гледачи, додека женските 395 милиони луѓе.
На најпрестижниот турнир во Вимблдон, машкото финале минатата година го гледале 9,3 милиони гледачи, додека женското 4,3 милиони.

Во 2015 година, Ѓоковиќ, како рекет број еден во светот, има заработено 21, 6 милиони долари, додека Серена Вилијамс, од истата позиција кај тенисерките, 10,5 милиони долари.
Но истражувањето што е направено открива дека десетопласираниот тенисер Џо Вилфред Цонга, минатата година заработил 2,2 милиони долари, исто колку и десетопласираната тенисерка Роберта Винчи.

Изедначувањето на наградите за тенисерите и тенисерките на Гранд слем турнирите беше направено по 2007 година, но оние кои сметаат дека разлика мора да има објаснуват дека машките играчи на овие турнири играат до пет сетови, а жените до три. На сите други турнири и мажите и жените се натпреваруваат до три сета.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ