Премиера на претставата „Арлекин, слуга на двајца господари“ во Босилово

Од:

Во Домот на културата во Босилово синоќа се одржа премиерата на претставата „Арлекин, слуга на двајца господари“ по текст на Карло Голдони, а во режија на Стојан Велков Трн.

Текстот припаѓа на првата творечка етапа на италијанскиот комедиограф и реформатор на тамошниот театар, во чии комедии настојувал да се оттргне силното влијание на комедија дел арте, со што го трасирал новиот пат на драматургијата на граѓанскиот театар.

Претставата е дел од проектот „Ревитализација на руралните средини преку уметност и култура“ што го спроведува Здружението за култура Трензен со учество на младинци од Општина Босилово и општина Струмица. Во реализацијата помогнаа и КУД „Гоце Делчев“, поддржан од Општина Босилово.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“