ЕК предлага распределба на 54.000 бегалци меѓу земјите членки на ЕУ

Од:

По договорот од петокот меѓу ЕУ и Турција, Европската комисија денеска усвои предлог за спроведување на одлуката за преместување на луѓе, кои имаат потреба од меѓународна заштита од Италија и Грција, со што 54.000 лица кои беа предвидени за преселба, сега ќе станат дел од за целта на повторното населување на Сиријци од Турција во ЕУ.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, овој предлог на Еврокомисијата е во согласност со потребата да се ослободат и други места за преселување од Турција, по договорот од петокот за префрчање по еден сириски бегалец од Турција, за секој вратени илегален имигранти од Грција на турска територија.

Договорот за решавање на бегалската криза, што го постигнаа ЕУ и Турција минатата недела предвидува размена „еден за еден“ со цел брзо да се спречи илегалниот проток на мигранти, кои патуваат во опасни услови низ Егејското Море, со уреден и правен процес на раселување.

– Со договорот постигнат со Турција во петокот, ние им нудиме на барателите на азил веродостојна алтернатива од ставањето на својот живот во опасност по опасните поморски патишта и сега земјите членки треба да си ги извршат своите обврски и да се обезбедат уредно, успешно и безбедно за прифаѓање и прием во Европа на лицата од Турција со потреба од меѓународна заштита, истакна еврокомесарот за мигрциски прашања Димитрис Аврамопулос.

И покрај договорот во петокот и денешниот предлог на Еврокомисиајта, миграцијата од ТУрција и Грција што требаше да заврши во текот на вчерашниот ден, сепак не е запрена, а доказ за тоа е преминот на нови 1.600 бегалци и мигранти од Турција во Грција преку Егејското море.

Со цел шемата за преселба на бегалци да биде успешна, ЕК предлага земјите членки на Унијата да мора да обезбедат доволен број места за преселување, во рамки на нивните постоечки обврски.

Денешниот предлог се очекува да ја измени одлуката на релокација и да им овозможи на земјите членки да ги исполнат нивните хуманитарни обврски и да обебзедат Сиријците директно да пристигнуваат на нивните територии од Турција. Бројот на раселени Сиријци ќе бидат одземени од квотите за прераспределба на бегалците меѓу земјите членки договорени претходно.

Инаку, денешниот предлог на ЕК ја надополнува постоечката шема на ЕУ за преселување на 22.504 луѓе, што беше објавена во јули 2015 година, од кои остануваат на располагање 18.000 места. Користењето на постоечките заложби за релокација заради преселување е целосно во согласност со постојната политика на Комисијата, со оглед на тоа што овие напори се конкретен израз на солидарност меѓу членките на ЕУ и „трети земји“ што се соочуваат со масовен прилив на мигранти.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он