Изворот на фобиите најчесто се грдите настани или искуства, но детските стравови се често пати необјасниви.
Возрасните на Редит ги поделија своите детски стравови, а некои од нив се бизарни, извитоперени, урнебесни.
Така на пример еден корисник на Редит се плаши од тестенини, а дури и детално го опишал својот сон од детството – сонувал вештерка, која на неговиот кревет фрлала тестенини.
Еден маж има страв од месечината, кој му се појавил благодарение на една „страшна слика со човек-Месечина“, која ја видел во книга.
– Плачев кога гледав временска прогноза. Темниот облак имаше тажно лице, вели едно друго момче.
Еден од побизарните стравови споменати на оваа мрежа е страв од самолеплива хартија, а една девојка вели дека ананасот за неа бил „ужасно страшило.
И додека некои деца сакаат чаши, кои имаат нос, уши, мустаќи, едно момче има страв од детстото од вакви предмети.
Маскотите околу кои се собираат децата на јавните настани исто така се кошмар за некои возрасни.
– Имав ирационален страв од молци. Кога ќе го видев тоа суштество на својата чанта, на пример ќе одлепев од страв, пишува еден маж.
Знаеме дека некои возрасни луѓе се плашат од лифтови, но една девојка вели дека не се плашела да се качува со лифт, но имала голем страв да се спушта со лифтот надолу.
Некои возрасни како деца се плашеле од мебел, а особено од отворени фиоки или ормани.