Мртов човек пронајден во резиденцијата на шведскиот премиер

Од:

Еден човек пронајден е мртов во резиденцијата на шведскиот премиер, Фредрик Рајнфелт, но засега не е познато дали станува збор за самоубиство или несреќен случај.

Премиерот и неговото семејство не се повредени, а портпаролот на владата наведе дека во моментот кога се случил инцидентот, никој од семејството не се наоѓал во зградата, пренесе Ројтерс.

„Нема траги на злочин. Истражуваме дали се работи за самоубиство или несреќен случај на работно место“, изјави портпаролката на полицијата Тове Хаг за британската агенција.

Шведскиот весник „Афтонбладет“, меѓутоа тврди дека еден од синовите на Рајнфелт, сепак, бил во зградата во тоа време, за што дал исказ пред полицијата.

Според првичните информации, лицето кое настрадало не било дел од обезбедувањето, но имало дозвола да престојува воз зградата, додека постојат шпекулации дека станува збор за припадник на обезбедувањето кој работел во резиденцијата.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица