Ѓорческа со најдобар пласман во кариерата

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со пласманот во полуфиналето на претходниот фјучрс во Хамамет, Тунис и со освоените четири поени на денешната промена на ВТА листата го забележа својот најдобар ранг во кариерата. Таа се наоѓа на 307 место со 132 поена и има скок од четири места.

Ѓорческа може да очекува напредок и на следното рангирање и да се доближи со позицијата 300 на ВТА листата.

Имено, таа на последниот фјучрс во Хамамет играше во полуфиналето и ќе освои нови четири поени, но ќе загуби еден освоен во овој период од годината лани.

Во конкуренција на двојки се наоѓа на 267 место и има скок од едно место, додека нејзиниот најдобар ранг во двојки и е 255 место.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ