Шокантни податоци: Само 4 отсто од луѓето веруваат дека децата со попреченост треба да одат во редовни училишта

Од:

Лицата со Даунов синдром, подеднакво како и сите други луѓе, треба да имаат можност во целост и со иста мера да ги остваруваат своите права. Ова ја опфаќа и можноста во целост да учествуваат во својата заедница. Во стварноста за многу од нив преовладуваат негативни ставови што резултира со ниски очекувања, дискриминација и отфрлање со што се создава средина во која децата и возрасните со Даунов синдром не можат успешно да се интегрираат. Ова го изјави др. Бертран Демулен, претставникот на УНИЦЕФ, по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром.

Годинава, овој ден е на тема „Мои пријатели, моја заедница – придобивки од инклузивната средина за децата денес и за возрасните утре”.

„Оваа земја ја ратификува Конвенцијата за правата на децата и Конвенцијата за правата на лицата со попреченост во кои се нагласува дека децата со попреченост имаат исти права на целосен развој како и сите други деца.

Факт е дека овде започнаа да се прават напори за отстранување на системските пречки но потребно е уште многу за да се одговори на пречките што ги создаваат ставовите на луѓето. Во нашата земја е многу поголема веројатноста за исклучување на децата со попреченост во споредба со другите деца. Во предучилишното образование само 0.5 од запишаните деца се деца со попреченост. Исто така поголема е веројатноста децата со попреченост да бидат лишени од правото да растат во семејство. Мнозинството (55%) од децата што се сместени во институции се деца со попреченост.

Статистичките наоди од истражувањето во домаќинствата што беше спроведено со поддршка од УНИЦЕФ откриваат шокантни податоци за ставовите на испитаниците:

Повеќе од третина од широката јавност не прифаќаат дете со Даунов синдром (36%) да живее во исто соседство со нив • Само 4% од широката јавност верува дека децата со попреченост треба да одат во редовни училишта и да посетуваат редовна настава заедно со своите врсници. • Само 16% од широката јавност верува дека децата со попреченост, доколку им се даде поддршка, ќе можат да водат независен и продуктивен живот како возрасни.

На децата со попреченост не им треба сожалување и милостина. Им треба општество кое ќе биде посвесно за нивните права и ќе почне прво да ги гледа нивните способности, пред да ја забележи попреченоста. Им треба да бидат прифатени како рамноправни учесници во општеството, како учесници способни да ги бараат своите права, способни да живеат исполнет живот и способни да придонесуваат во изградбата на инклузивно и одржливо општество”, стои во изјавата на др. Бертран Демулен, претставник на УНИЦЕФ.

Би можело да ве интересира

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада