„Волшебникот од Оз”, премиера на Кумановскиот театар

Од:

Во Кумановскиот театар вечер премиерно ќе биде изведена детската претстава „Волшебникот од Оз„ во режија на Бојана Краљевска, работена по мотивите од романот на американскиот автор Франк Лајман Баум. Ова ќе биде прва премиера на македонски јазик со која театарот ја отвара годинешната сезона и во која настапува речиси целиот ансамбл.

– Иако напишан пред повеќе од 100 години, текстот е се уште актуелен, тема која со интересни ликови преку возбудливи ситуации трага по вистинските вредности во животот, изјави Краљевска на прес-конференција.

Актерката Сања Русеска, која ја игра Дороти, рече дека нејзниот лик барајќи го патот за дома, преку песни и игри пренесува позтивни пораки насочени не само кон младата, туку и повозрасната публика.

– Чест ми е што ја играм улогата на страшливиот лав, рече актерката Александра Михајловска. Таа информира дека преставата по трет пат се игра во Кумановскиот театар, прв пат во 1986, вториот во 1997 година, и нагласи дека е една од најдолго поставуваните престави во театарот низ годините.

Марко Трајковиќ, кој ја игра улогата на плашилото, ја повика кумановската публика, пред се децата да ја проследат преставата, за која рече дека заслужува да се погледне.

Актерката Кети Дончевска Илиќ игра двојна улога на лошата вештерка, Гнасна и на добрата самовила Зелена.

– Големо задоволство е да се работи престава за деца, бидејќи тие се публика која искрено гледа и се радува и за време на преставата и после преставата. Драго ми е што после извесен период, прво со „Пинокио“, а сега и со оваа престава воспоставуваме систем на подготвки на престави за деца кои сакаме да станат правило, а не исклучок во нашиот театар, изјави Дончевска Илиќ.

Во премиерата настапуваат и актерите Горан Илиќ кој го игра волшебникот и човечето и Мартин Лазаревски кој ја толкува улогата на лимениот дрвар.

Преставата „Волшебникот од Оз“ е сопствен проект на Кумановскиот театар. Покрај вечерашната премеира во 18:30 часот, веќе е закажана и реприза за 26 март (сабота) со почеток во 12:30 часот.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Џенкинс: Да ги надминеме традиционалните сценски простори, да се вклучиме во заедниците

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он